Дома Фудбал „Покер“ на Реал против Хуеска, Азар се врати со гол ?

„Покер“ на Реал против Хуеска, Азар се врати со гол ?

Реал Мадрид не игра на највисоко ниво во Лигата на шампионите, но затоа во Ла Лига го држи врвот на табелата.

„Кралевите“ во осмото коло ја победија Хуеска со 4:1 и со 16 бодови повторно се лидери во Ла Лига.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Зинедин Зидан денес одлучи малку да ротира, а резултатот му помогна да одмори некои играчи. До 40. минута Хуеска успеваше да се одбрани, но тогаш Азар со еден одличен гол од 20-тина метри го отвори резултатот. Само пет минути подоцна Бензема зголеми на 2:0.

Прашањето на победникот беше решено на стартот на вториот дел кога Валверде постигна гол за 3:0. Хуеска преку Фереира успеа да постигне почесен гол, додека Бензема со вториот гол на натпреварот ги постави конечните 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Киеза му е доста: Сака да се врати!

Федерико Киеза се соочува со предизвикувачка сезона. Иако италијанскиот фудбалер може да с…