Сегашниот тренер на Челзи Френк Лампард во својата кариера како играч се сретнал со бројни легендарни фудбалери.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лампард сега одговараше на прашања кои му ги поставуваа деца од партнерските клубови на Челзи. Во таа прилика тој избра и тим од најдобрите седум играчи.
„Мануел Ноер, Рио Фердинанд, Стивен Џерард, Зинедин Зидан, Роналдињо, Лионел Меси и Кристиано Роналдо“, гласеше одговорот на Лампард.
Секако, не можеше да го избегне и вечното прашање – Роналдо или Меси?
„Ох, ова е тешко прашање. Ајде ќе кажам Меси затоа што тој е чист талент, но се воодушевувам и на она што Роналдо го постигна, навистина е чудесен“, одговори тренерот на Челзи.