Карим Бензема се најде во центарот на скандал после натпреварот помеѓу Борусија Менхегладбах и Реал Мадрид.
Имено, после тој натпревар се појави видео од тунелот во второто полувреме на кое може да се види како Бензема и Менди зборуваат да не му ја додаваат топката на Винисиус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прави што сакаш. Брате, играј на мене. Тој игра против нас“, му зборуваше Бензема на Менди.
Бензема дека навистина тоа го мислел се покажа и во продолжение на натпреварот бидејќи ниту еднаш не му ја додаде топката на Винисиус. Видеото направи навистина голем скандал и некои очекуваа Бензема да добие и казна од Реал, засега такво нешто нема.
„Марка“ денес изнесува нови детали. Откако се излегло во јавнота Бензема и Винисиус се сретнале нормално на тренингот, а Зидан намерно ги ставил во иста група. Средбата била малку чудна според информациите на реномираниот медиум, меѓутоа Бензема веднаш му се извинил на помладиот соиграч.