Дома Фудбал Италија Синоќа одигра фантастичен меч за Милан, денес стигнаа лоши вести за „росонерите“

Синоќа одигра фантастичен меч за Милан, денес стигнаа лоши вести за „росонерите“

Португалскиот бек Диого Далот ова лето пристигна во Милан на позајмица од Манчестер Јунајтед.

Португалецот синоќа одигра фантастичен меч против Спарта Прага во своето деби на „Сан Сиро“. 21-годишниот бек запиша фантастична асистенција и го постигна третиот гол на мечот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, денес италијанските медиуми пласираа лоши информации за фановите на Милан. Имено, Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната сака да си го врати Далот и нема намера да му го продаде на Милан.

„Росонерите“ во договорот немаат опција за откуп на крајот на сезоната, но се надеваат дека ќе постигнат договор со „црвените ѓаволи“ за перманентен трансфер.

„Скај Италија“ тврди дека англискиот клуб ќе ја одбие секоја понуда бидејќи сака да го врати Далот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…