Дома Фудбал Лига на шампиони Барса ги ‘пецна’ Јувентус и Роналдо на Твитер, а Старата дама веднаш одговори

Барса ги ‘пецна’ Јувентус и Роналдо на Твитер, а Старата дама веднаш одговори

Барселона го победи Јувентус во Торино со 0:2.

Каталонците без многу проблеми го совлада Јувентус во чии редови не беше Кристијано Роналдо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со тоа синоќа не гледавме нов дуело помеѓу него и Меси, кој од друга страна запиша асистенција и погодок.

Барселона одлучи после натпреварот дополнително да го ‘пецне’ Кристијано со објава на Твитер. Поставија фотографија од Меси и испратија порака:

„Драго ни е што имавте можност на својот терен да го видите најдобриот на сите времиња (GOAT).“ – напишаа од Барселона.

Јувентус веднаш одговори.

„Веројатно сте гледале во погрешен речник. Ние ќе ви го донесеме најдобриот на Камп Ноу.“ – одговорија од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Каков татко, таков син: Реал Мадрид тргнува по синот на Роналдо!?

Од Мадрид доаѓа изненадувачка вест: Кристијано Роналдо Жуниор би можел да потпише договор …