Maнчестер Јунајтед објави денес дека е во состојба да организира натпревар со 23.500 навивачи на својот стадион и притоа да се одржува физичка дистанца за да се спречи ширењето на коронавирусот.
„На Олд Трафорд можеме да организираме натпревар со 23.500 гледачи и притоа да се одржува физичка дистанца. На тоа работевме два месеци следејќи ги препораките на владата. Некои работи тешко се сфаќаат и предизвикуваат збунетост. Луѓето патуваат со авиони, можат да се собираат во ресторани или да одат во кино да гледаат фудбалски натпревари, а ние имаме се спремно за да организираме натпревар со навивачи на нашиот стадион“, изјави клупската шефица за оперативни работи Коли Ричи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Олд Трафорд“ има капацитет за околу 74.000 гледачи, а последен пат бепе исполнет во март во градското дерби против Манчестер Сити. Поради пандемијата со коронавирусот и во Англија како и во најголем дел од Европа се играат натпревари пред празни трибини.