Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп за повредата на Фабињо: Ова e последно нешто што ни требаше

Клоп за повредата на Фабињо: Ова e последно нешто што ни требаше

Ливерпул ги освои бодовите во Лигата на шампионите дома против дански Мјитиланд, но Јирген Клоп има главоболки по овој дуел.

Имено, на овој меч се повреди Бразилецот Фабињо кој принудно поради повредите на останатите стопери игра централно во одбраната. Фабињо поради повредата мораше да ја напушти играта во 30. минута, а на негово место влезе Вилијамс.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Клоп после мечот од новинарите беше запрашан за оваа ситуација.

„Ова беше нешто што најмалку ни требаше во овој момент. Се пожали на болка во тетивата и тоа не е добро. Ми кажа дека ќе може да игра, но без спринтови, тоа не беше соодветно. Ќе видиме што ќе покажат дополнителните прегледи“, изјави Клоп после триумфот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓорческа со неверојатен пресврт ја освои титулата во Куршумлијска Бања

Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа, продолжува да го потврдува својот квалите…