Дома Фудбал Барселона го реши проблемoт: Педри повеќе нема да се вози со такси

Барселона го реши проблемoт: Педри повеќе нема да се вози со такси

Младиот фудбалер на Барселона, Педри минатата недела привлече внимание кога после натпреварот си замина дома со такси.

Каталонците во вторникот играа против Френцварош и славеа победа со 5:1, еден од головите беше дело и на Педри. Младиот играч за врска после натпреварот си ги собра работите и со такси се врати дома.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Ова ја изненади јавноста во Шпанија затоа што се очекувало Барселона да се погрижила за својот играч, но очигледно не било баш така. Познато е дека Педри нема автомобил затоа што се уште има 17 години и нема возачка дозвола.

Но, сега од каталонскиот клуб одлучиле да реагираат и Педри повеќе нема да треба да се вози со такси.

Имено, клубот на овој 17 годишник му овзоможи приватен автомобил и возач за да може да се движи каде што му е потребно. Возачкиот испит Педри ќе го полага наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…