Дома Фудбал „Од кога дојде во Барселона Гризман како да заборави да игра фудбал“

„Од кога дојде во Барселона Гризман како да заборави да игра фудбал“

Во „Ел Класико“ овој викенд Антоан Гризман одново доби шанса од клупата за резерви, Французинот изгледа веќе ја губи довербата која ја имаше кај Роналд Куман на почетокот.

Ансу Фати игра одлично во овој период и беше стартер. Гризман влезе во завршницата од натпреварот и додека беше на теренот не направи премногу.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Критиките за Гризман стигнаа и од легендарниот француски фудбалер Биксент Лизарзу.

„Од кога дојде во Барселона Гризман како да заборави да игра фудбал. Кризата со самодовербата е очигледна. Нема сомневање дека има квалитети, но изгледа изгубено и не знае каде му е местото“, изјави Лизарзу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…