Дома Фудбал Италија Верона после 30 години освои бод против Јувентус во Торино ?

Верона после 30 години освои бод против Јувентус во Торино ?

Верона и Јувентус ремизираа (1:1) во натпревар од 5-тото коло во италијанската Серија А.

Јувентус не блеска оваа сезона. Иако се уште е без пораз екипата на Пирло не игра како што се очекува од бранителот на тронот и вечерва и дозволија на Верона да си замине со бод од Торино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гостите играа отворено. Имаа свои шанси, но Јувентус е тој кој што може да жали за пропуштените шанси во првото и второто полувреме. По една пречка имаше Јувентус и во првиот и во вториот дел. Верона беше таа која прво до дојде до водство со голот Фавали во 60. минута од игра.

Во 78. минута Јувентус преку Кулушевски стигна до бод. Во финишот се редеа шанси пред голот на гостите сепак резултатот не се промени. Треба да се спомене и дека во првото полувреме беше поништен еден гол на Мората поради офсајд.

За Верона ова беше прво реми во Торино после цели 30 години претходно Јувентус имаше 12 победи во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…