Дома Фудбал Oд кога го нема Роналдо во „Ел Класико“ го „нема“ и Меси

Oд кога го нема Роналдо во „Ел Класико“ го „нема“ и Меси

Барселона вчера беше поразена во „Ел Класико“ од Реал Мадрид со 1:3. После натпреварот најмногу се зборува за пеналот кој го изнуди и кој го реализираше Серхио Рамос, меѓутоа тука е и еден друг податок – Меси повторно потфрли.

Во Минатото Меси редовно погодуваше или асистираше против Реал Мадрид. Тој со 26 гола е најдобриот стрелец во најголемите шпански дербија, а подели и 14 асистенции. Но веќе шест натпревари Меси е без гол или асистанција против Реал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И случајно или не постот на Меси почнува кога неговиот најголем ривал Кристиано Роналдо си заминува од Реал Мадрид.

Последен пат кога Меси постигна гол беше во последното „класико“ од кое дел беше и Роналдо. Од 2005 до 2018 Меси постигна 26 гола, а од тогаш наваму ниту еден.

Последниот натпревар против Реал во кој тој постигна беше во 2018 кога дуелот заврши со 2:2. По еден гол во тој натпревар постигнаа и Роналдо и Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…