Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше исклучително задоволен од играта на својот тим после победата над Барселона.
Зидан по натпреварот заклучи дека неговите избраници одиграле перфектен натпревар и победата е заслужена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горд сум на мојот тим денес. Одигравме перфектен натпревар. Ова се три бода, ништо повеќе. Сега треба да одмориме и да ужуваме, но кратко, бидејќи наредниот натпревар е многу блиску“, истакна Зидан.
„После критиките, знаевме дека мора да одиграме смирено. Мислам дека не беа фер критиките кон мене и кон играчите. Среќен сум за играчите што победивме, тие покажаа карактер, се бореа заеднички“, додаде Зизу и на крајот беше прашан за пеналот над Рамос.
„Никогаш не зборувам за судиите. Ако судијата одлучи да погледне ВАР, значи дека пенал постоеше. Независно од таа ситуација, ние ја заслуживме победата“.