Дома Фудбал Италија Пандев и Џенова не успеаа да го запрат Интер?

Пандев и Џенова не успеаа да го запрат Интер?

Интер запиша рутинска победа на гостувањето кај Џенова, а нашиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот меч.

После поразот во градското дерби Интер немаше право на кикс, па од самиот старт тргна по победата.

Џенова добро се држеше и одолеа во првото полувреме, во кое не видовме големи шанси.

Второто полувреме почна во ист ритам, но Лукаку во 64-та минута го доведе Интер во водство после асистенцијата на Барела.

Во 79-та минута Дамброзио ги постави конечните 2:0 откако најдобро се снајде после еден корнер на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…