Дома Останати Кабиб: Пред четири месеци не знаев дали ќе се борам, сега сум тука да победам ?

Кабиб: Пред четири месеци не знаев дали ќе се борам, сега сум тука да победам ?

Кабиб Нурмагомедов и Џастин Гатје вечерва ќе се борат за титулата во УФЦ во лесна категорија.

Нурмагомедов влегува во октагон после една година. Зад него е навистина тежок период во кој го изгуби неговиот татко, па многумина тврдат дека Кабиб не е во форма како претходно и дека Гатје има шанси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во разговор за „ЕСПН“ пред борбата Кабиб истакна дека и претходно имал противници како Гатје.

„Имав и претходно во УФЦ вакви противници. Во Русија има многу слични на него, но Гатје е посебен. Добар борач е, добро удира, добро лево кроше има и големо срце. Ако сакате да го победите морате да го заспиете“.

„Одличен ударач е, но може и да претрпи доста удари. Имам нешто што спремив за него не е само борењето“.

Зборуваше и на кој начин ќе се обиде да дојде до победата.

„Ќе одам напред. Ќе го изморам. Сакам да му го изморам телото и да го загушам. Сакам да ја одбранам титулата по четврти пат. Ова беше тешка година за мене. Само сакам да бидам фокусиран на тој меч и да победам. За мене е голема мотивација што сум тука после смртта на мојот татко. Пред четири месеци не знаев ниту дали воопшто ќе се борам. Тука сум, сакам да го завршам она што го започнав. Утре имам одличен ривал, меѓутоа верувам дека ќе останам непобеден“, порача Кабиб.

Настанот започнува вечерва во 20:00 часот, додека борбата на Кабиб и Гатје се очекува да биде некаде пред полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…