Дома Фудбал Останато Станковиќ докажа дека црвен картон во ковид услови и не е некоја казна за еден тренер

Станковиќ докажа дека црвен картон во ковид услови и не е некоја казна за еден тренер

Црвена Звезда вчера загуби од Хофенајм со 0-2 на гостински терен во првото коло од групната фаза во Лига Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот на српскиот тим, Дејан Станковиќ во 64. минута доби црвен картон, зашто вербално го нападна судијата при првиот погодок на Германците, но Србинот најде начин како да го предводи својот тим.

Станковиќ го искористи фактот што на трибините немаше многу публика, па се качи и од таму ја предводеше својата екипа.

Исто така, поранешниот легендарен фудбалер им даваше совети на фудбалерите и во тунелот на стадионот, а со помош на таблет објаснуваше како неговите избраници треба да играат до крајот на натпреварот во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заминува по 23 години: Перез емотивно се збогуваше со Карвахал!

На крајот на оваа сезона, капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (34), ќе го напушти клуб…