Дома Фудбал Останато Фонсека по победата: Не заборавајте дека Јувентус тука изгуби

Фонсека по победата: Не заборавајте дека Јувентус тука изгуби

Рома вчера славеше на гости кај Јанг Бојс со 2:1 во рамките од првото коло во групната фаза од Лигата на Европа.

„Волчицата“ не беше баш најдобра во првото полувреме бидејќи домаќините имаат предност од 1:0, а Паоло Фонсека играше со комбиниран состав. Но, беше јасно дека во продолжение ќе мора да менува.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После еден час игра Фонсека на терен ги испрати Џеко, Михтаријан и Веретут и тоа беше полн погодк. Џеко и Микхтаријан запишаа асистенции за головите на Бруно Перес и Кумбула.

Фонсека на пресот по натпреварот потсети дека Јувентус изгубил тука.

„Мораме да веруваме во играчите. Ова беше тежок натпревар и знаев дека ќе биде така. Тие победија тука на последните 15 натпревари и не заборавајте дека Јувентус изгуби тука пред две години. Најважно е што победивме, за нас ова важна победа“, изјави Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…