Дома Фудбал Англија Како да нема крај: Ново понижување од Арсенал за Озил

Како да нема крај: Ново понижување од Арсенал за Озил

Германскиот фудбалер Месут Озил пред седум години стигна во Арсенал од Реал Мадрид како големо засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Озил на тој начин стана далеку најплатен играч на лондонскиот клуб, но веќе скоро две години го нема ниту на мапа. Овој 32 годишен играч за врска со месеци не одиграл натпревар за Арсенал и изгледа дека тоа нема да се промени.

Тој има договор до крајот на сезоната и Арсенал се обиде да го продаде со цел да го ослободи буџетот, меѓутоа тој тоа го одби. Сега „топџиите“ го казнуваат Озил, па му зададоа нов удар.

Англиските медиуми објавија утрово дека Микел Артета одлучил да го отстрани Озил од списокот играч за Премиер лигата и така ќе биде најмалку до јануари. За Озил останува шанса само да игра во Лига Купот или ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…