Дома Фудбал Англија Видете како ќе изгледа Манчестер Јунајтед следната сезона!

Видете како ќе изгледа Манчестер Јунајтед следната сезона!

Мурињо има план ова лето да донесе четвори или пет нови засилувања на „Олд Трафорд“ и да создаде тим кој следната сезона ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата.

Англиските медиуми пренесуваат дека првата желба на Мурињо за засилување на средниот ред е Немања Матиќ и дека Челзи ќе се согласи да го продаде Србинот откако ќе го комплетира трансферот на Бакајоко од Монако.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Што се однесува до одбраната, веќе е доведен Линделоф, а што се однесува до бековските позиции првичната идеја на „Специјалниот“ е да ги задржи Шоу и Дармијан со што ќе биде комплетирана дефанзивната линија.

Во нападот прва желба е Алваро Мората и преговорите за негов трансфер на „Олд Трафорд“ се во напредна фаза, како и Иван Перишиќ од Интер.

Мурињо за Хрватот е спремен да понуди 40 милиони евра, додека „нероаѕурите“ бараат 50, меѓутоа медиумите се сигурни дека до крајот на месецов трансферот ќе биде комплетиран.

Што се однесува до заминувањата, покрај Ибра сигурно заминува и Јанузај, а на Руни му е отворена излезната врата, но капитенот треба сам да одлучи.

Еве како треба да изгледа Манчестер Јунајтед следната сезона со новите засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…