Дома Останати Кошарка Дерик Роуз пристигнува во ЛА Лејкерс

Дерик Роуз пристигнува во ЛА Лејкерс

ЛА Лејкерс после десет години станаа НБА прваци, но за нив нема одмор и веќе работат на засилувања со нови големи ѕвезди.

После Леброн Џејмс и Ентони Дејвис како трета голема ѕвезда на екипата би требло да се приклучи Дерик Роуз кој моментално е член на Детроит Пистонс.

Некои медиуми блиски до Лејкерси тврдат дека клубот е во одлична позиција да го ангажира 32-годишниот играч.

Роуз е најмпадиот МВП во регуларен дел од сезоната во историјата на НБА лигата, а во кариерата имаше и две тешки повреди на коленото.

Поранешниот член на Чикаго Булс во претходната сезона имаше скор од 18.1 поен, 5.6 асистенции и 2.4 скока по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Францускиот клуб Асвел казнет поради долг кон кошаркар на Партизан

Асвел казнет со забрана за трансфери поради долг кон Жофри Ловерњ. …