Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Кина.
Новиот селектор Јорданчо Давитков на поширокиот список повика 24 играчи, на него се и имињата на искусните Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Лестер Бо Мекејлеб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На првиот собир се појавија Чековски и Антиќ, а поранешниот капитен кој последен пат за репрезентацијата играше на ЕП во Словенија во 2013, изјави дека за неколку дена ќе ја донесе одлуката дали повторно ќе го облече дресот со државниот грб.
„Моето појавување на првиот собир значи респект за стручниот штаб на репрезентацијата како и директорот. Пред неколку години зборев за пензија од националниот дрес, но мило ми е што Јоцо се врати во репрезентацијата. Со него имам одлична соработка во изминатите години. Тешко е да одлучам, но за два до три дена ќе знаеме сигурно дали ќе настапувам ова лето за репрезентацијата“, рече Антиќ.