Дома Фудбал Избран најдобриот во Барселона за минатата сезона, а тоа не е Меси

Избран најдобриот во Барселона за минатата сезона, а тоа не е Меси

Како и секоја година така и оваа година доделена е наградата за најдобар играч на Барселона за претходната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реномираната награда по име „Алдо Ровира“ се доделува на најдобриот во редовите на Каталонците, а жирито го сочинуваат Жозеп Луис Ровира (татко на починатиот Алдо по кој трофејот го носи името), претседателот Бартомеу и уредниците на најдобрите медиуми во Барселона.

За претходната сезона победник е – Марк Андре Тер Штеген!

Германскиот голман беше одличен, а во онлајн одржаниот состанок одлучено е тој да биде добитникот на оваа награда.

Тер Штеген ќе ја добие наградата во текот на сезоната. Треба да се спомене дека Лионел Меси е фудбалерот кој најмногу пати ја освојуваше оваа награда, дури шест пати.

Трофејот се доделува од сезоната 2009/2010, покрај Меси и Тер Штеген добитници беа Маскерано, Абидал, Суарез и Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА веќе го помилувала и Роналдо

Одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун предизвика големи контро…