Дома Топ вести Нов хаос во Барселона: Играчите го одбија предлогот, раководството поднесува оставка

Нов хаос во Барселона: Играчите го одбија предлогот, раководството поднесува оставка

Хаосот во Барселона повторно продолжува откако играчите ја отфрлија молбата на раководството.

Каталонските медиуми пренесуваат дека играчите на Барселона ја одбиле молбата на раководството за намалување на платите. Клубот е во големи финансиски проблеми, па претседалот Бартомеу и Бордот на директори се спремни да поднесат оставка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Лага е дека коронавирусот има врска со финансиските проблеми на Барселона. Тоа лага пуштена од директорите. Пред пандемијата долговите на Барселона изнесуваа дури 740 милиони евра, а сега пораснаа на 820 милиони. Пола милијарди должат на домашни банки и не можат да позајмуваат. Затоа се свртеа кон „Голдман Санч“, а долгот се зголемува секојдневно. Цела оваа ситуација може да доведе, играчите и сите во клубот да не можат да земат плата“, предупреди економскиот експерт Марк Сириа.

Поради ситуацијата во која се наоѓа клубот, раководството доставило молба до играчите за намалување на платите, но таа експресно била одбиена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …