Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо уште еднаш го „пецна“ Арсен Венгер.
Португалецот беше прашан зошто неговиот колега не го спомнал во автобиографијата,која е актуелна овие денови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Затоа што никогаш не ме победи. Сигуно нема да пишуваш за некој кого во 12 или 14 меча не си го победил ниту еднаш. Што има да каже за мене? Ја разбирам целосно неговата ситуација“, ироничен беше Мурињо, кој потоа зборуваше за Герет Бејл.
„Се разбира дека Герет сака да игра. Нема да ви кажам дали ќе игра на следниот меч. Тоа што можам да ви кажам е дека работи напорно и е во добра состојба. Ќе игра или во недела или во четврток“, додаде Португалецот.
Mourinho says Wenger didn't mention him in his book 'because he never beat me' https://t.co/s30vDNeDWa
— standardsport (@standardsport) October 16, 2020