Дома Фудбал Италија Делио Роси: Пандев ни го дадоа како вишок за Станковиќ, но јас во него видов квалитет

Делио Роси: Пандев ни го дадоа како вишок за Станковиќ, но јас во него видов квалитет

Горан Пандев е вистинска легенда, не само кај нас туку и во Италија. Од кога дојде во 2001 од Беласица во младинскиот тим на Интер започна да испишува историја.

Како и што самиот Пандев често пати кажал, Делио Роси е еден од неговите најважни тренери во кариерата. Сега токму тој зборуваше за македонскиот капитен во италијанските медиуми и за него Пандев е многу потценет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секогаш кога зборувам за Горан ми е многу драго затоа што јас го гледав како расте, јас бев тој што го натера да игра за Лацио кој ни го дадоа како вишок во замена за Дејан Станковиќ. Во тоа дете јаас видов дека има огромна вредност и квалитет. Кога ја освои „триплетата“ со Интер посебно ме воодушеви, а денес покажува дека е многу важен во Џенова, но е и многу потценет“, изјави Делио Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…