Клубовите од Премиер лигата веќе се во сериозен конфликт поради проектот кој го иницираа Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Меѓу предлозите е и намалување на Премиер лигата од 20 екипи на 18, да се откажат Лига купот и Суперкупот на ФА, да се смени структурата на финансирање и да се издвојат дополнителни пари за англиската фудбалска лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа реформа ја поддржуваат Манчестер Сити, Челзи, Арсенал и Тотенхем, но поголема група на клубови цврсто се противи поради ваквите реформи.
Поради тоа брзо реагираше и раководството на Премиер лигата кое излезе со соопштение.
„Англискиот фудбал е најпопуларен во светот, со енергична, динамична и конкурентна лигашка структура која привлекува интерес во целиот свет. За да останеме на такви позиции, важно е сите да работиме заедно. И Премиер лигата и ФА поддржуваат широка дискусија за иднината на фудбалот, вклучувајќи ја структурата на турнирот, календарот и целокупното финансирање, особено во светло на влијанието на коронавирусот“.
„Фудбалот има многу засегнати страни, затоа треба да се работи преку соодветни канали што ќе им овозможат на сите клубови и засегнати страни да придонесат. Во Премиер лигата, голем број индивидуални предлози во планот објавени денес може да имаат поразителен ефект врз целата игра, и ние сме разочарани што Рик Пари, претседател на ЕФЛ, ја даде својата официјална поддршка“, се вели во соопштението на лигата.