Дома Фудбал Останато Иронија: Озил добива мало богатство од Арсенал за лојалност

Иронија: Озил добива мало богатство од Арсенал за лојалност

Meсут Озил не игра од март, Артета неодамна не го пријави и за натпреварите од Лига Европа, a тешко и дека ќе добива шанса во Премиер лигата.

Германецот со Турско потекло ќе биде побогат за 8.8 милиони евра поради клазула за лојалност кон клубот. Станува збор за клаузла која Озил ја договори при потпис на договорот. Тогаш Арсенал сакаше да се обезбеди дека Озил ќе остане подолго, но од денешен аспект тоа изгледа како голема грешка на „топџиите“.

Без разлика колку и дали воопшто ќе игра Озил до крајот на договорот до јули наредната година ќе продолжи да добива 350.000 фунти неделно, а сега и дополнително 8.8 милиони за лојалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Жозе Мурињо: Сезона без трофеј е неуспех за Реал Мадрид

Жозе Мурињо смета дека успехот во Real Madrid не може да се мери само преку добрите настап…