Лео Меси летоска одлучи да ја напушти Барселона, но клазулата го задржи на Камп Ноу уште најмалку една сезона.
Во меѓувреме Аргентинецот остана без својот најдобар пријател од соблекувалната Луис Суарез, кој после шест години замина од Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот Уругваец во разговор за ЕСПН открива една причина поради која Меси и натаму ќе го носи дресот на Барселона, а тоа е промената на клупското раководство.
„Постои можност Меси да заигра во друг клуб, но ако се смени раководството тој ќе остане. Како и да е, ќе го поддржувам и ќе бидам со него.“ – изјави Суарез.
Меси целата сениорска кариера ја помина во Барселона, а дали така ќе биде и до денот кога ќе се опрости од фудбалот зависи од изборот на раководството во каталонскиот клуб.