Луис Суарез е главна тема во Јужна Америка откако се приклучи на Уругвај во репрезентативниот дрес, медиумите се уште ги интересира ситуацијата во која се наоѓаше во Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Многумина сметаат дека Барселона се однесуваше некоректно кон Суарез, сега Уругваецот отворено зборуваше на оваа тема.
„Во Барселона бев шест години и никогаш не бев проблем за клуб. Напротив, јас три години им зборував да донесат нова „9-ка“, помлад играч кој би се адаптирал покрај мене. Никогаш не доведоа некој да ми биде моја конкуренција, секогаш бев на висина на задачата и одговарав на барањата на клубот“.
„Заслужив повеќе респект поради тоа што правев за клубот. Верувајте, јас се уште не знам дали одлуката да заминам е одлука на тренерот или раководството. Ако постигнам гол против Барселона нема да славам, но ќе покажам со прстот кон одредени луѓе“, изјави Суарез кој секако алудираше на одговорните лица.