Репрезентацијата на Македонија вчера го победи Косово и се пласираше во финалето од баражот за пласман на ЕП каде што не чека Грузија.
Пред дуелот со Косово Висар Мислиу беше еден од играчите кои имаа најголем притисок пред овој натпревар. Нашиот централен дефанзивец и по натпреварот призна дека му било тешко да игра против „своите“, но работат ја завршил како вистински професионалец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пресреќен сум за пласманот во финалето. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека не е лесно да играш против „своите“, но ова е спорт, а ние сме професионалци и животот продолжува и по овој меч. Целта ни беше победа за да стигнеме чекор поблиску до остварување на сонот“, изјави Муслиу.
Рака на срце, Муслиу вчера беше еден од најдобрите во одбраната и во првото полувреме одлично реагираше при една изгубена топка на Велковски.