Дома Фудбал Репрезентации Шаландес: Зошто оставка? Се чудам зошто мислите дека Македонија не е силна

Шаландес: Зошто оставка? Се чудам зошто мислите дека Македонија не е силна

Македонија вечерва оствари голем триумф против Косово и се пласираше во финалето од баражот во Лигата на Нации.

По натпреварот прес-конференција одржа селекторот на Косово Бернард Шаландес.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ова беше тежок натпревар за двете репрезентации, одигравме едно добро прво полувреме. Немавме среќа, посебно при првиот гол кога топката одеше надвор, но од еден наш играч заврши во мрежата. Во фудбалот се случуваат и грешки, ние не реагиравме добро после одличниот центар шут на Барди и бевме казнети“.

„Во второто полувреме направивме измени, се обидовме да стигнеме до изедначување, се отворивме, а тоа беше шанса за Македонија. Ние имавме една добра прилика на крајот, но за жал не ја искористивме. Секако, честитки до Македонија на пласманот во финалето“.

Дали би си поднел оставка по овој пораз?

„Не. Зошто да си поднесам оставка? Ние не сме Германија, Италија, Франција…Можеби имавме лоши резултати со Грција и Македонија, но се чудам зошто мислите дека тоа не се силни репрезентации“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…