Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани ги коментираше односите со својот поранешен соиграч, Нејмар.
Како што е познато на еден натпревар против Лион двајцата се скараа кој да изведе удар од белата точка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нејмар е добро момче. Единствениот случај кога се расправав со него беше на мечот против Лион. Тогаш се расправавме и во соблекуваланта, но тоа е единствениот случај. Да, ние сме различни, но во соблекувалната не сме должни да бидеме пријатели или браќа. Важно е што се случува на теренот, таму треба да бидеме пријатели“, објасни Кавани.
„Во соблекувалната не е потребно да бидам близок со сите, или да одам на вечера. Најважно е да се респектираме сите на теренот. Јас и Нејмар сме различни и размислуваме на различен начин“, додаде Уругваецот.
Remember when Neymar and Cavani bumped heads over penalties ? united aren’t ready for this alpha ?? pic.twitter.com/eI2BlF6glY
— Michael Barton (@mrmichaelbarton) October 3, 2020