Дома Фудбал Модриќ сака нов договор, прифаќа помала плата

Модриќ сака нов договор, прифаќа помала плата

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“, па дури е спремен да прифати и помала плата, пишува „Макра“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на 35-годишниот Хрват истекува на крајот на сезоната, но Модриќ не ја крие желбата да остане во Реал Мадрид.

Мориќ во 2018 година беше изјбран за најдобар фудбалер во светот, но минатата сезона не ја започна на најдобар начин. Сепак, после паузата поради пандемијата Хрватот ја подобри формата и повторно игра одлично.

Модриќ е еден од најважните фудбалери во тимот на Зидан, па голема е веројатноста „кралевите“ да му понудат нов договор, а според пишувањата на медиумите двете страни нема да имаат проблем да се договорат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато е кој ќе го замени Пеп Гвардиола на клупата на Сити

Бомбата од Манчестер одекна низ фудбалска Европа! Според ексклузивните информации на водеч…