Првпат после точно 40 години Реал Мадрид не доведе ниту еден играч во текот на летниот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секако, тука не се сметаат тројцата кои беа вратени од позајмици: Андреј Лунин, бекот Одраизола и играчот за врска Мартин Одегард.
Од друга страна имаше активности кога во прашање се заминувањата, а весникот „АС“ открива дека Реал од трансфери ова лето заработил скоро 200 милиони евра.
Најголем дел од тие средства се од продажбата на Хакими за 45 милиони евра и Регулион за 30 милиони евра.
Секако тука се пресметани и парите кои Реал ги заштеди од платите на големите ѕвезди како Хамес Родригез и Герет Бејл, кои ова лето го напуштија „Сантиаго Бернабеу“.
