Дома Фудбал Коронавирусот влезе и во Реал Мадрид

Коронавирусот влезе и во Реал Мадрид

Резервниот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин имал позитивен тест на коронавирус, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот голман беше тестиран синоќа пред да им се придружи на сонародниците во украинската репрезентација.

Голем дел од фудбалерите на Зинедин Зидан веќе се со своите репрезентации, а позитивниот тест на Лунин покажува дека Ковид 19 веќе влегол во редовите на „кралскиот“ клуб.

Во следните денови фудбалерите кои останаа во базата во Мадрид ќе бидат тестирани, а сите останати ќе бидат тестирани кога ќе се вратат во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Најлудата прослава на гол на СП: Селекторот на Еквадор наместо отказ испиша историја и ги сруши Германците

Фудбалската репрезентација на Еквадор ја совлада Германија со 2:1 и зачекори во нокаут фаз…