Дома Македонски спорт Спировски: Сите знаеме што Пандев значи за нас – да покажеме зошто сме фаворити!

Спировски: Сите знаеме што Пандев значи за нас – да покажеме зошто сме фаворити!

Во четврток Македонија ќе игра против Косово на Националната Арена „Тодор Проески“ и ова е еден од најважните натпревари во историјата на македонскиот фудбал.

Како што е познато Македонија со евентуална победа ќе оди во финалето на плеј-офот каде што против Белорусија или Грузија ќе игра за пласман на ЕП.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


И за репрезентативецот Стефан Спировски ова ќе биде еден од најважните натпревари во кариерата.

„За мене ова е еден од најважните натпревари во кариерата. Сите знаеме што значи националниот дрес и сите знаеме дека во игра е пласман на Европско првенство. Играме без публика, но ако сега направиме добар резултат мислам дека Континенталниот шампионат ќе ни биде на дофат. Верувам дека сме поквалитетен тим и домашниот терен за нас е многу важен фактор. Мораме да дадеме се од себе и тоа воопшто не треба да се споменува“

„Сите знаеме што за нас значи Горан Пандев. Тој е нашиот лидер, капитен, најдобар играч за него може да се зборува само во суперлативи. Ќе ни значи многу и треба максимално да го искористиме. Ни останува да го дочекаме тој 8. октомври и 20:45 часот и да покажеме зошто сме фаворити на хартија“, изјави Спировски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракометарките поразени со 13 разлика во втората контролка со Австрија

Maкедонските ракометарки претрпеа пораз и во втората контролка со Австрија. Ако во првиот …