Дома Фудбал Алекс Телеш: Ќе дадам се од себе за Манчестер Јунајтед

Алекс Телеш: Ќе дадам се од себе за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на левиот бек Алекс Телеш од Порто за околу 17 милиони фунти.

27-годишниот Телеш ги помина медицинските тестови денес, откако „ѓаволите“ конечно се договорија со Порто околу обештетувањето.

Денес Бразилецот го комплетираше трансферот и стави потпис на 4-годишен договор.

„Да се пристигне во клуб со престиж како Манчестер Јунајтед е голема чест за мене. Во овој момент во мојата кариера можам да ветам дека ќе го дадам максимумот за да постигнеме успеси. Менаџерот има јасен план за иднината и едвај чекам да го облечам славниот дрес“, вели Телеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…