Ливерпул го доживеа еден од своите најголеми порази во клупската историја. Астон Вила ги победи со неверојатни 7:2.
Сигурно дека никој пред натпреварот не можеше да прогнозира нешто вакво, се очекуваше Ливерпул рутинирано да стигне до бодови, а кога започна натпреварот следуваше вистински шок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога последен пат пат еден бранител на титулата примил седум гола?
Тоа се случило во далечната 1953. Тогаш Арсенал како тим кој ја брани титулата од минатата сезона примил седум гола од Сандерленд.
Треба да се спомене и дека Ливерпул првпат прима 7 гола во најсилната англиска конкуренција после 1963 година кога седум гола им дал Тотенхем. „Петлите“ тогаш ги победиле со идентични 7:2.