Едисон Кавани денеска ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед.
Искусниот уругвајски напаѓач ги договорил личните услови за двегодишниот договор со Црвените ѓаволи, каде пристигнува како големо засилување во нападот.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Овој 33-годишен фудбалер на Олд Трафорд добива одличен договор. Ќе заработува плата од 210.000 фунти, односно ќе заработува 11 милиони фунти годишно.
Со оглед на тоа дека има 33 години ова секако е фантастичен договор за Кавани, кој долго беше во потрага за нов клуб откако го напушти ПСЖ.
Потрагата конечно заврши. Тој денеска ќе пристигне на лекарски прегледи, а утре ќе биде претставен како нов член на Црвените ѓаволи.