Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд во неговото последно интервју ги наброја напаѓачите за кои смета дека се подобри од него.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Напаѓачот на Борусија Дортмунд игра навистина одлично. Прикажуваше Халанд одлични настапи како играч на Салзбург, а го продолжи тоа и во Борусија Дортмунд.
На листата напаѓачи за кои ги смета подобри од себе Халанд ги смести: Кристиано Роналдо, Роберт Левандовски, Серхио Агуеро, Роберто Фирмино, Пјер-Емерик Обамејанг, Хари Кејн и Тимо Вернер.
Пред Халанд сега е викендот во кој ќе има обврски кон Борусија Дортмунд во Бундеслигата каде што „милионерите“ ќе играат против Фрајбург, а потоа го чека натпревар за Норвешка против Србија.