Жозе Мурињо конечно ќе донесе напаѓач во својот тим.
Имено, како што јавував Фабрицио Романо, Тотенхем го договорил трансферот на Карлос Винисиус од Бенфика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 25-годишен фудбалер го застапува Жорже Мендеш, а договорена е позајмица до летото 2021. година, со опција за откуп на договорот за 45 милиони евра.
Винисиус совршено одгорвара на она што го бараше Мурињо, висок е 190 сантиметри и технички добро поткован.
Во Европа пристигна во 2018. година, кога потпиша за Наполи, но за клубот од Сан Паоло не одигра ните еден официјален натпревар.
Беше на позајмици во Рио Аве и Монако, а Бенфика претходното лето го откупи за 17 милиони евра.