Дома Фудбал Репрезентации Mу пропадна трансферот затоа што мораше да оди во војна

Mу пропадна трансферот затоа што мораше да оди во војна

28 годишниот стопер на Ерменија Вараздат Харојан остана без трансфер во АЕЛ затоа што бил мобилизиран од војската на Ерменија која е во војна во Азербејџан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Менаџерот на Харојан објасни дека поради конфликтот помеѓу двете држави неговиот клиент е повикан да служи војска и нема да може да го потпише договорот.

Инаку, Харојан е и тоа како искусен играч во репрезентацијата на Ерменија за која настапи на 52 натпревари постигна два гола. Претходно беше дел и од младинските категории на Ерменците.

Ваквиот развој на настаните веројатно значи и дека Харојан ќе го пропушти натпреварот против Македонија кој е закажан за ноември. Работите би се промениле само доколку ситуацијата помеѓу Ерменија и Азербејџан се смири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …