Дома Фудбал Останато Од Полска внимателни: Пелистер има тројца Бразилци и двајца Бугари, тоа не е лесен противник

Од Полска внимателни: Пелистер има тројца Бразилци и двајца Бугари, тоа не е лесен противник

Освојувачот на Купот во Македонија, тимот на Пелистер за противник во првото коло од квалифкациите за Лига Европа го доби незгодниот полски тим Лех Познањ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Предводник на тимот е Ненад Бјелица од Хрватска, кој порача дека иако се фаворити, нема да го потценат составот од Битола, особено ако се знае дека има тројца Бразилци и двајца Бугари.

„Веќе разговарав со некои мои пријатели од Македонија и очекувам да добијам повеќе информации за тимот на Пелистер. Ќе ги анализираме па дури потоа ќе знаеме како да пристапиме на овој двомеч. Самиот факт што имаат тројца Бразилци и двајца Бугари, укажува дека не се лесен противник“, изјави Бјелица.

Дополнителен проблем за тимот е фактот што ќе одиграат само еден натпревар, овој петок против Хапоел Бир Шева, пред дуелите со македонскиот тим.

-Немаме многу време за подготовки, ќе одиграме само еден натпревар против изреалски тим. Но, не смееме да се жалиме. Работиме напорно, да бидеме подготвени за двомечот со Пелистер. Нема да ги коментирам можните противници за второто коло, најпрво мора да одработиме добро во двомечот со Пелистер“, заврши Бјелица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …