Челзи против ВБА губеше со 3:0 на полувремето во третото коло од Премиер лигата, а на крајот „сините“ успеаа да извлечат бод (3:3). Медиумите на Островот пишуваат дека по овој меч во соблекувалната на Челзи се случувала вистинска драма.
Алонсо беше заменет на полувремето, а Лампард го критикувал пред сите во соблекувалната на паузата. Не е потврдено, но голем број медиуми тврдат дека Алонсо се налутил од таквиот однос на стратегот на „сините“ па одбил да го гледа вториот дел и се качил во клупскиот автобус по завршувањето на првите 45 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа го направил без дозвола на Лампард па тренерот „збеснал“.
„Лампард беше лут како никогаш до сега. Беснееше на Алонсо и покрај тоа што неговиот тим имаше фантастичен кам-бек. Фудбалерите сведочат дека никогаш не го виделе Лампард толку лут и бесен. Тоа што започна на полувремето продолжи по крајот на мечот поради заминувањето на Алонсо, некои од нив би биле изненадени ако го видат Алонсо да игра за Челзи во иднина“, изјавил неименуван извор од клубот за „Атлетик“.
Алонсо има договор со Челзи до 2023 година, а во последниот период се поврзуваше со Интер, сепак до тој трансфер не дојде. Меѓутоа по оваа ситуација работите би можеле да се променат.