Ливерпул вчера на свој терен го победи Арсенал во дербито од 3. коло во Премиер лигата со 3:1.
Арсенал успеа да поведе со 1:0 со голот на Лаказет, но домаќините стигнаа до пресврт со головите на Мане, Робертсон и Жота. После натпреварот во центарот на вниманието се најде Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул слушнал дека Рој Кин во коментирањето на натпреварот кажал дека Ливерпул игра лошо, а тоа не му се допадна на германскиот стратег.
„Дали Кин кажал дека сме играле лошо во вечерва? Мора да гледал некој друг натпревар, ништо не беше лошо. Овој натпревар беше извонреден. Фудбалот кој го игравме беше навистина извонреден“, изјави Клоп.
?️ "Did Mr Keane say it was a sloppy performance? Maybe he is speaking about another game…" ?
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) September 28, 2020
Jurgen Klopp v Roy Keane ? pic.twitter.com/MIw47L6N0o