Дома Фудбал Италија Ковид хаос во Џенова: Пандев и Елмас во опасност пред Косово!

Ковид хаос во Џенова: Пандев и Елмас во опасност пред Косово!

Екипата на нашиот капитен Горан Пандев, Џенова вечерва објави дека 14 лица од клубот се позитивни на коронавирусот, од кои 8 се играчи.

Од италијанскиот тим не откриваат за кои играчи се работи и дали Горан Пандев е еден од заразените.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тестовите биле направени денеска, после натпреварот против Наполи на нашиот Елиф Елмас, а после добивањето на резултатите целиот тим е ставен во изолација.

Според протоколите, сега треба да бидат тестирани и играчите на Наполи, а ние се надеваме дека нашите репрезентативци нема да бидат дел од заразените играчи и ќе бидат подготвени за настап против Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гарсија ги избра фудбалерите за натпреварот со Македонија: Се враќа екс-ѕвездата на Борусија!

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Руди Гарсија, го објави списокот на игр…