Ерлинг Халанд блесна на почетокот на минатата сезона во дресот на Салзбург, а потоа продолжи со одличните настапи во дресот на Борусија Дортмунд.
Одличниот норвешки напаѓач е вистински кошмар за противничките одбрани. Халанд сруши бројни рекорди, но тој од самиот себе не беше задоволен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Често пати размислувам колку шанси сум промашил. Можев да постигнам и повеќе од 50 голови. Не е тоа арогантно, тоа само покажува дека имам потенцијал за такво нешто“, изјави Халанд.
Халанд има посебни методи со кои се одржува спремен и во ритам, сега откри некои од неговите тајни.
„Често користам ледени топки и посебни наочари кои ја филтрираат светлината од електронските направи. На тоа гледам како нешто што ми ги подобрува настапите за процент повеќе. Очилата ми помагаат да имам подобар сон. Се е во малите детали. Се обидувам да бидам подобар секој ден. Се надевам дека најдоброто од Ерлинг Халанд допрва ќе дојде“, изјави 20 годишниот напаѓач.
Нема дилеми дека Халанд има потенцијал да направи уште поголеми работи.