Дома Фудбал Видал си избра број во Интер

Видал си избра број во Интер

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал денес и официјално стана нов играч на Интер.

Видал после две години одлучи да ја напушти Барселона бидејќи Роналд Куман не сметаше на него во новата сезона. Набрзо Барселона ја доби и понудата од Интер која по неколку дена преговори беше прифатена.

Интересно е што Барса за да се ослбооди од Видал прифати сума од еден милион евра оштета, дури и таа сума ќе биде исплатена на рати.

Видал по прегледите и потписот си избра и број во Интер. Во неговата прва сезона како играч на Интер ќе настапува со 22-та.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон пред одлука за иднината, Ираола призна: Не знам дали ќе остане

Договорот на бразилскиот голман истекува во јуни, а тренерот на Ливерпул се надева дека со…