Приказната на Едмунд Хотор е прилично интересна.
Едмунд Хотор, 27 годишниот играч за врска од Гана на само 17 години го живееше својот сон кога потпиша за Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како 17 годишник тој во тоа време играше за младинците и често на тренинзите играше натпревари против првиот тим на Милан за кој тогаш настапуваа Андреа Пирло, Дејвид Бекам, Роналдињо, Ибрахимовиќ…
Во Милан помина шест години и запиша еден настап за првиот тим на „росонерите“.
„Имав интересна кариера. Тоа беше фантастично искуство за мене бидејќи имав прилика да тренирам со големи имиња и многу да научам уште како тинејџер. Немам за што да жалам и не се каам, иако не запишав ниту еден настап во Серија А“, изјави Хотор.
Кариерата Хотор ја започна во Трст, а Милан го доведе како млад талент. Додека беше во Милан имаше и позајмица во Интер, но таму не запиша ниту еден настап.
Подоцона играше во Португалија и Малта, а во Англија пристигна во 2018 година каде што настапуваше за нисколигашите Кетеринг и Банбури Јунајтед, сега игра за Сент Ајвс.
На тимот од седмата англиска лига се придружи во декември 2019 година.
„Дојдов во Англија како непознат играч и немав агент. Морав да почнам од почеток“, зборува Хотор.
Десет години после играњето на „Сан Сиро“ тој ќе игра во првото коло од квалификациите за ФА Купот каде што се натпреваруваат 234 аматерски клубови. До првото коло од ФА Купот има три квалификациони рунди, а 148 екипи играат и предквалификации преку кои 74 екипи се изборуваат за првото коло од квалификациите.