Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Да бев 20 години помлад ќе дадев уште два гола

Ибрахимовиќ: Да бев 20 години помлад ќе дадев уште два гола

Златан Ибрахимовиќ следниот месец ќе наполни 39 години, но и покрај тоа тој се уште игра во одлична форма.

Дека може да игра на највисоко ниво без никаков проблем покажа вчера во натпреварот против Болоња во кој ги постигна двата гола за триумф на својот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во добра форма сум, ова е веќе втор официјален натпревар сезонава. Задоволен сум од головите и победата, но можев да постигнам и повеќе. Да бев 20 години помлад ќе дадев уште два гола. Не сум стар, јас сум како Бенџамин Батон, сум се родил стар и ќе умрам млад! Шегата на страна не сме 100% спремни, но одигравме добар натпревар, направивме некое грешки, меѓутоа не можеме да кажеме дека не бевме добри“.

За целите во новата сезона.

„Нашата цел е да одиме чекор по чекор, тоа значи дека сакаме да бидеме подобри од минатата сезона. Помладите играчи треба да работат и да слушаат што им се зборува, мора да има дисциплина таа е една од најважните работи“.

„Јас не сакам луѓето да зборуваат за моите години, сакам да ме третираат исто. Не е важно дали имам 38, јас сакам да сум третиран и да тренирам како некој кој има 20 години“, изјави Ибрахимовиќ по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …