Кога ќе се погледнат трошоците, неверојатно е што ова не се случи порано.
Имено, Манчестер Сити има повеќе од 60 професионалци под договор и газдите се незадоволни, наводно го предупредиле директорот Бегристајн дека мора да ги намали трошоците.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се зборува дека Шпанците кои го водат клубот биле предупредени дека пред купувањето мораат да продаваат.
Неверојатно звучи податокот дека еве на пример за Насри, Харт и Бони и уште неколку фудбалери кои не се во плановите на Гвардиола, клубот месечно плаќа околу шест милиони евра вкупно.
Насри има плата од 8.6 милиони годишно, ќе се врати од позајмицата во Севиља, а јасно е дека нема да сака да замине бидејќи ниту еден клуб не би му понудил ни приближно толку пари.
Поради тоа Сити не може да продаде никого, ова лето заминаа само играчите на кои им истече договорот.
Ситуацијата со Харт е иста, во Торино поголемиот дел од платата ја плаќаше Сити, па нова позајмица само малку би ги намалила трошоците.
Што да се каже за Мангала, според некои информации го платија 50 милиони, а Пеп не сака да го види ниту на припремите, Французинот се враќа од позајмица од Валенсија, а тешко е да се верува дека некој ќе го купи.
Во Сити можеби претеруваат и со барањата од Вест Хем за Харт бараа 25 милиони евра. „Чеканите“ таа сума нема да ја платат, а и Харт не би сакал да замине од „Итихад“ бидејќи би добивал многу помала плата.